Линкови за пристапност

Почина Џорџ Мајкл


Менаџерот Мајкл Липман рече дека причината за смртта е откажување на срцето

Почина Џорџ Мајкл, англиски пејач, текстописец и продуцент, кој се прослави како член во групата „Вам“.

„Со голема жалост потврдуваме дека нашиот сакан син, брат и пријател почина мирно во неговиот дом за време на Божиќните празници“, објави неговиот продуцент.

Менаџерот Мајкл Липман рече дека причината за смртта е инфаркт.

Мајкл постигна огромна слава во неговата кариера како тинејџерски идол, објавувајќи серија хитови како „Wake Me Up Before You Go-Go,'' "Young Guns (Go For It)'' и "Freedom.''

Во 1998-та, јавно откри дека е хомосексуалец.

XS
SM
MD
LG