Новоизбраниот претседател Доналд Трамп може да почне со знајчајни судски реформи, по преземање на функцијата во јануари, како резултат на големиот број празни места во федералните судови.
Во моментов има 104 места за пополнување, вклучувајќи го тоа и во Врховниот суд, кое беше испразнето во февруари, по смртта на судијата Антонин Скалиа.
Дополнително, има и 38 судници, во кои нема доволно судии за предметите, чиј број се зголемува.
За разлика од сега, пред осум години, кога претседателот Барак Обама дојде на функција, имаше 54 празни места.
Ваквата ситуација му дава на Трамп можност да назначи доживотни судии, кои ќе ги сослушуваат предметите за абортус, имиграција и за контрола на оружјето.
Додека Трамп е релативно тивок за назначување судии во пониските судови, тој најави дека планира да номинира некој што е конзервативен на местото на починатиот судија Скалиа во Врховниот суд.
„Замената ќе биде личност со слични погледи, принципи и судска филозофија“, рече Трамп на Националната конвенција на републиканците во јули.