Линкови за пристапност

Кремљ: Тероризам не е причина за авионската несреќа


Рускиот министер за транспорт вели дека несреќата најверојатно се случила поради грешка на пилотот или поради технички проблеми

Руски официјални лица изјавија дека тероризам не е меѓу можните причини за уривање на рускиот воен авион, при што загинаа околу 92 лица.

„Терор ниту од далеку не е главна причина“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитри Песков.

Рускиот министер за транспорт Максим Соколов вели дека несреќата најверојатно се случила поради грешка на пилотот или поради технички проблеми.

Иако тероризам, не се наоѓа меѓу рангираните најверојатни причини, Рускиот специјален комитет за истражување отвори криминална истрага за авионската несреќа.

Авионот се урна во Црното Море две минути откако полета од аеродромот во Сочи во добри временски услови.

Во несреќата најверојтано загинаа сите осум членови на екипажот и 84-те патници, вклучувајќи ги членовите на рускиот ансамбл „Александров“.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска прогласи Национален ден на жалост, и рече дека ќе бидат преземени сите мерки за откривање на причината за несреќата.

Американската амбасада во Москва, на нејзиниот Твитер профил, изрази сочувство до семејствата на загинатите, како и до целиот руски народ.

XS
SM
MD
LG