Линкови за пристапност

Четврт век по распадот на СССР


Што доби Европа, а што зaгуби со распадот пред 25 години? Што добија земјите кои од комунизам забрзано и со агресивна приватизација, своите земји ги ставија на патот кон демократијата.

Пред 25 години со формалното распаѓање на Советскиот сојуз се одбележа падот на комунизмот во Европа и доаѓањето на новата ера на демократија. Западниот стил на либерализмот и економскиот пораст низ целиот регион во минатото ги делеше „Железна завеса“.

Советското знаме беше спуштено во Кремљ за последен пат на 26-ти декември 1991-та, кое беше симбол за крајот на едно комунистичко владеење во регионот, каде до пред две години се правеа тоталитарни влади по урнекот на Москва.

Денес, Европа има поразлично лице.

​Падот на Берлинскиот ѕид ни покажа дека сонот, сепак, може да се оствари“, рече германската канцеларка Ангела Меркел на церемонијата во 2014-та, која се одржа по повод годишнината од падот на Ѕидот.

Земјите кои беа под Советската доминација беа желни да се оттргнат од комунистичкиот тоталитарен систем и да се интегрираат во западна Европа и да ги уживаат бенефитите на просперитет како и пристапот на што носи системот на слободен пазар. Унгарија, Полска и Чешка направија агресивна приватизација, кампањи како и политички реформи, се со цел што поскоро да се вклучат во Европската Унија и НАТО.

„Многу од овие источно-европски земји сакаа да се приклучат на Западна Европа, модернизацијата, демократијата, да се приклучат на либерализмот како и просперитетот“
Алекс Правда, Професор на Оксфорд

„Многу од овие источно-европски земји сакаа да се приклучат на Западна Европа, модернизацијата, демократијата, да се приклучат на либерализмот како и просперитетот“ рече Алекс Правда, професор по руски јазик и источно-европски студии при Универзитетот во Оксфорд.

Се случи ли сето тоа премногу брзо?

И, Алекс Правда како и другите, се прашува дали овој процес се случи премногу брзо, и забележува дека Советските проблеми како што е корупцијата – се` уште ги има во одредени земји.

„Западна Европа има направено појас и заштита од нестабилните, авторитарни и несигурни источни земји, кои потсетуваат на старата Советска империја“, додава тој.

Бугарија е рангирана како најкорумпирана нација во ЕУ, според Транспаренси Интернешанал, а постои и отворено прашањето за посветеноста на Полска кога станува збор за слободата на изразувањето во медиумите.

Американската Фридом Хаус која се залага за слободни институции, во еден неодамнешен извештај констатираше дека Полскиот закон за правда „предизвика домашна и странска загриженост за парламентарното мнозинство за да се протурка законот во декември кој требаше да донесе поголема контрола врз јавните медиуми од страна на регулаторното тело на Министерството за Финансии,“ стои во извештајот.

Но, Полска како лидер ужива голема популарност на рејтинг листата за земји со огромен економски бум со нешто над 1 трилион долари, што ја прави Полска најголем играч во Европската Унија. Полјаците со големо мнозинство гласаа за партијата Закон и Правда за која сметаат дека има наметлив став со Европската Унија, па многумина во Полска прават споредба со Советскиот Сојуз. „Брисел е новата Москва“ може често да се слушне во Варшава и Будимпешта.

Страв од имигранти

Во Унгарија, Владата на претседателот Виктор Орбан ја доживеа својата најголема популарност кога тој нареди да се постави ограда со бодликава жица за да ги држи мигрантите и бегалците подалеку од нејзината граница што беше спротивно од она дека Европската Унија ја повика Унгарија но и другите ЕУ земји членки да прифатат дел од мигрантите.

За разлика од Германија како и дел од други западно европски земји кои своевремено прифатиле дел од работниците од Турција но и други земји, или кои привлекле други колонии од други места, земјите од Источна Европа беа долго време затворени за имигранти и во голема мера се хомогени. Да се притиснат овие земји за да прифатат мигранти беше не само социјален, туку и политички шок.

И додека поранешните земји се прилагодија кон западна Европа, Русија се опоравува од авторитарниот систем со кој управуваше седум децении, и во 1990-та, конечно се сконцентрира на својата стабилизација, а не на надворешната политика како претходно.

Тоа беше тогаш, велат аналитичарите, таква Европа имаше шанса да оди многу понапред кон поголеми реформи отколку тие што ги има направено. Во голема мера, тоа се смета за неуспех на Западна Европа и нејзиниот напредок кога имаше шанса да се направи тоа.

Последните 25 години во Европа беа одлична можност кога ЕУ имаше шанса, без надворешни закани и притисок да ја турне напред агендата на ЕУ, вели Грегори Викс, политички аналитичар во Виена. „Многумина ќе речат дека тоа е пропуштена шанса бидејќи сега имаме мигранти на границите, зголемена активност на Русија, која стана многу поактивна во меѓународната политика и која врши притисок врз самата ЕУ,“ додава тој.

XS
SM
MD
LG