Линкови за пристапност

Германија се` уште трага по напаѓачот во Берлин


Според властите осомничениот можно е да е по потекло од Тунис

Германскиот министер за внатрешни работи Томас де Маизиер, изјави дека полицијата трага по ново осомничено лице за понеделничкиот напад во Берлин, но не ја потврди информацијата на медиумите дека се работи за лице од Тунис. За овој човек се веруваше дека е барател на азил и е поврзан со исламистички екстремизам.

Додека министерот одби да ја потврди или негира информацијата на медиумите, пратеникот Стивен Мејер од Демократската партија на канцеларката Ангела Меркел, кажа дека осомничениот бил и претходно под полициски надзор како и тоа дека бил познат по користење на лажни идентитети.

Според информацијата од налогот за апсење, добиена од Асошиетед прес, се работи за Анис Амри, туниски државјанин, роден е во градот Газа. Во барањето се наведува дека оваа личност во минатото користела најмалку шест различни имиња за три различни националности и се смета дека е вооружен и опасен.

Во нападот кој се случи понеделникот на Божиќниот пазар во Берлин, животот го загубија 12, а најмалку 48 лица беа повредени.

Одговорноста за нападот ја презема Исламската држава, со тврдење дека тој е одговор на повиците мета да бидат оние граѓани на земјите-учеснички во коалицијата под американско водство чија цел е уништување на милитантната организација.

Германија не е држава која учествува во воздушните напади против цели на Исламската држава во Ирак и Сирија, но имала поддржувачка улога, вклучувајќи активности на снабдување со гориво и извидување.

Американскиот Стејт департмент претходно повика на претпазливост при посета на пазари и други јавни места низ цела Европа. Во објавата за алармирање на американските државјани, се вели дека екстремистичките групи го фокусираат вниманието на „престојните празници и придружните манифестации“. Државјаните на САД во Европа воедно биле предупредени да бидат претпазливи на „саморадикализирани“ екстремисти, за кои се вели дека можат да нападнат без никакво предупредување.

XS
SM
MD
LG