Линкови за пристапност

Управниот суд одлучи да се преглaсува во Теарце


Управниот суд со мнозинство гласови ја уважи тужбата на СДСМ на одлуката на ДИК и го поништи гласањето во изборното место со број 2011 во општина Теарце во изборната единица шест.

Во образложението на пресудата стои дека тужбата била уважена, бидејќи решението по приговорот ДИК го донела незаконски оти членот на ДУИ, Субхи Јакупи во комисијата иако бил присутен на расправата, истата ја напуштил и воопшто не гласал.

Судот утврдил и дека во изборниот материјал на гласачкото ливче во Теарце недостасува образецот 15.

Во доверливиот изборен материјал, како што наведуваат од судот во образложението, е недозволиво да недостасува записник, кој претставува доказ од кој единствено може да се утврди во каква состојба бил изборниот материјал, пред почетокот на гласањето на избирачкото место 2011. Против пресудата на Управниот суд не е дозволена жалба.

XS
SM
MD
LG