Линкови за пристапност

УСАИД им помогна на 17 македонски компании да ја намалат потрошувачката на енергија


Седумнаесет македонски компании во изминативе четири години успеаја да ги намалат своите трошоци за енергија преку Проектот за индустриски менаџмент (ПИМ) кој го финансираше Американската агенција за меѓународен развој –УСАИД . Во поектот кој вреди 1,6 милиони амрикански долари УСАИД на овие компании им покри половина од вредноста или максимум по 20 илјади американски долари за инсталирање на системи за мониторинг и управување со потрошувачката на енергија.


“Неефикасното користење на енергијата во македонската индустрија значително влијае на конкурентноста на индустриските производи. Прокетот на УСАИД за индустриски менаџмент ја анализираше потрошувачката на енергија и направи план за нејзино унапредување во
индустриските компании во земјава. Врз снова на тоа обезбеди заедничко учество во трошоците за инсталирање на системи за мониторинг и управување со потрошувачката на енергија во 17-те пилот компании“, рече Џемс Стајн, директорот на Мисијата на УСАИД во Македонија на денешната конференција со која се означи успешното завршување на четиригодишниот проект.

James Stein USAID MAcedonia
James Stein USAID MAcedonia


Тој нагласи дека се надева оти позитивните резултати од проектот ќе бидат поттик за поширока употреба на системите за мониторинг и управување со потрошувачката на енергија, како и за имплементација на проекти за подобрување на енергетската ефикасност во индустрискиот сектор во Македонија.

“УСАИД помогна во 17 компании да се внесе новата технологија која не е присутна во нашата земја, а е се поприсутна во другите земји. Во изминативе четири години поставивме решенија и за повеќе од 50 други компании и ги повикуваме да ги следат добрите практики што ги постигнавме со проектот“, рече Блажев.

Директорот на проектот за индустирски менаџмент - Драган Блажев потенцираше дека компаниите кај кои е воведен системот за мониторинг и управување со потрошувачката на енергија можат на подобар начин да имаат увид во потрошувачката на енергија и да прават активности кои можат да придонесат за намалување на трошоците и потрошувачката на енергија.
“На тој начин може да ги намалат своите трошоци за производство и да станат поконкурентни на домашниот, регионалните и светските пазари. Заштедата на трошоците зависи од големината на компанијата и на инвестицијата за подобрување на енергетската ефикасност и се движи од 5% до 10% со мали или без финансиски вложувања за подобрување на технолошкиот процес или за организацијата на работа или од 15% до 20%, па и повеќе за поголеми вложувања“, изјави Блажев.
Тој истакна дека инвестицијата се враќа од една до пет години кај помалите инвестиции, а кај поголемите и инвестициите на подолг рок, особено за обновлива енергија повратот е за седум, осум или повеќе години.

XS
SM
MD
LG