Линкови за пристапност

Управниот суд одлучува по тужбите на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ


Управниот суд има законски рок до утре да се произнесе по тужбите кои ги поднесоа СДСМ и ВМРО ДПМНЕ а кои се однесуваат на приговорите за текот на изборниот процес доставени во ДИК. Според официјалните информации до Судот четири тужби поднесе СДСМ, а една ВМРО-ДПМНЕ која се однесува на прифатениот приговор пооднесен од БЕСА за наруѓување на изборниот процес во Гостивар. По конечната одлука на Управнито суд ќе се знае дали конечно ги имаме официјалните резултати од изборите или пак ќе има прегласување на 25 декември во неколку избирачки места.

СДСМ не е задоволна од работата на ДИК.

„Управниот суд е должен да ги земе предвид сите основани аргументи во тужбите.ДИК не одговори на сериозната задача за целосна заштита на изборниот процес во делот на одлучувањето по приговорите. Македонија ќе добие влада што ќе работи во интересот на граѓаните, рече портпаролот на партијата Петре Шилегов.

Четирите тужби се однесуваат на приговори за шестата изборна единица.

„ВМРО-ДПМНЕ поднесе тужба против решението на Државната изборна комисија со кое се уважи скандалозниот приговор на подносителот, политичката партија движење Беса и се поништија резултатите од гласањето по листите на кандидати за избор на пратеници во Собранието на РМ, на гласачко место бр. 0396/1, во општина Гостивар, изборна единица 6", соопшти партијата.

За ВМРО-ДПМНЕ ова е незаконска одлука на ДИК и директно влијае на вкупните изборни резултати на штета на коалицијата За подобра Македонија и ја оспорува јасно изразената волја на мнозинството од македонскиот народ.

„„Разочарани сме од одбивањето на 7 од 8 приговори за изборни нерегуларности од страна на Државната изборна комисија и нема да поднесеме тужби до Управниот суд затоа што се сомневаме во неговата независност и однапред се знае неговата одлука“, велат од Беса и додаваат дека не сакаат да ја продолжат оваа изборна агонија.

ДИК по три дена расправи прифати само еден приговор на Беса и го поништи гласањето на едно избирачко место во Гостивар каде што друго лице се потпишало на местото на Фатиме Сулејмани, што беше констатирано и од официјален графолог.

Неофицијално евентуалното прегласување на ова избирачко место, 0396/1 во Гостивар, може да госмени бројот на освоени пратенички места меѓу ВМРО-ДПМНЕ 51) и СДСМ (49), односно резултатот може да биде и 50:50.

Според зконската процедура пет судии од Управниот суд, избрани по пат на ждрепка, во рок од 48 часа - однсно до утре на јавна седница треба да одлучат како ќе се постапува по тужбите. Одлуките на Управниот суд се конечни.

Претходно, ВМРО-ДПМНЕ најави дека нема да почитува одлуки кои нема да ја изразуваат јасно искажаната волја на граѓаните на изборите на 11 декември.

„Доколку Управниот суд подлегне на влијанијата од страна и ги донесе незаконските одлуки на ДИК и со тоа се одзеде победата на ВМРО-ДПМНЕ и се фалсификува слободно изразената волја на граѓаните на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ објавува дека нема да учествува во прегласувањето и нема да ги признае резултатите од тоа прегласување“ изјави лидерот на партијата Никола Груевски.

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) води истраги против пет судии од Управниот суд заради нивни одлуки од локалните избори пред три години, кога беа прифатени 32 тужби од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш претседателот на судот Исамедин Лимани, си поднесе оставка. Пред два месеци петмината судии кои се под истрага беа повикани на распит во СЈО на што жестоко регираше Судскиот совет.

XS
SM
MD
LG