Линкови за пристапност

Симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ со транспарент против американскиот амбасадор


Членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ кои протестираат пред Државната изборна комисија (ДИК) поставија транспарент против американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли.

„Бејли тргни ги рацете од Македонија“ стои на големо бело испишано платно кое го држат неколкумина пред зградата на ДИК.

На протестот се појави и транспарент против невладината Сорос како и за поддршка на новоизбраниот претседател на САД. Доналд Трамп. Пред присиутните говореа поранешни и сегашни функционери на партијата.

Инаку ДИК ја продолжи седницата на која се разгледува последниот приговор на СДСМ за нарушување на гласачкиот процес во селото Теарце. Според информациите со кои располагаме, доколку се уважи приговорот и се прегласува, може да се влијае на изборниот резултат. Засега најжестоко се спротиставува токму претставникот на ВМРО-ДПМНЕ во комисијата, Силвана Бонева.

Од вчера тече 24–часовниот рок за тужби по 13 решенијата за кои ДИК најави дека денеска ќе им ги достави на Беса и на СДСМ.

По поднесувањето на тужбите, пет судии од Управниот суд, избрани по пат на ждрепка, во рок од 48 часа на јавна седница треба да одлучат како ќе постапува по тужбите, а одлуките во рок од 24 часа треба да се објават на веб-страната на судот, како и на веб-страницата на ДИК.

XS
SM
MD
LG