Линкови за пристапност

ДИК ја прекина седницата


ДИК ја прекина седницата и одлучии да продолжи со работа утре кога ќе го разгледа последниот приговор поднесен од СДСМ. Седницата утре треба да започне во 11 часот.Претседателот на ДИК, Александар Чичаковски рече дека се одложува седницата со цел да се изготват сите донесени одлуки за да можат истите да бидат доставени. Во меѓувреме членовите на ДИК ќе работат на изготвување на веќе донесените 13 одлуки и тоа осум од движењето БЕСА и пет на Коалицијата предводена од СДСМ.

По доставата на решенијата до партиите почнува да тече 24-часовниот рок за тужби до Управниот суд. Судот пак,има рок од 48 часа за одлука.

ДИК досега ги отфрли сите освен еден приговор на партијата БЕСА за гласање на едно избирачко место во Гостивар каде со графолошка анализа е утврдено нарушено гласачко право на Фатиме Сулејмани. Со 6 гласа за и 3 против, членовите на комисијата донесоа одлука да се поништи гласањето во изборното место, а доколку има разлика да има прегласување на истото. ДИК треба да каже дали ќе се повтори гласањето на избирачкото место 0396/1, во Гостивар. Одлуката ќе се донесе врз основа на статистичките податоци кои треба да покажат дали тие гласови би можеле да влијаат на изборниот резултат. Ако бројките покажат дека износот на гласови би можел да го смени резултатот ДИК ќе донесе одлука за прегласување.

На веста за одлагањето на седницата насобраните протестанти кои од пладне го продолжија собирот започнат синоќа реагираа со големо незадоволство.

Тие фрлаа петарди пред зградата, палеа факели но и огнови за да се згреат додека ги слушаа обраќањата на функционери на ВМРО-ДПМНЕ, кои ја повикуваа ДИК да не ги прифаќа, како што тие тврдат, неоснованите приговори за изборите во неделата. По вчерашните говори на Филип Петровски, Валентина Божиновска, Антонио Милошоски, Илија Димовски, Амди Бајрам и други фиункционери, денеска пред насобраните се обратија Диме Спасов, Јелена Жугиќ и Сашо Стефановски.

Симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ пред ДИК
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:43 0:00

Дополнителниот министерот за труд и социјала Диме Спасов кој ги информираше демонстрантите за одложувањето на седницата на ДИК рече дека тие и утре ќе протестираат и се подготвени „ако треба и до Нова година“ да останат за да ја одбранат „изборната победа на ВМРО ДПМНЕ“.

XS
SM
MD
LG