Линкови за пристапност

Остануваат нејаснотии по изборите во Македонија


Заев: режимот не смее да формира влада
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:35 0:00

Додека ВМРО најавува формирање на влада, опозицијата бара транспарентност од ДИК

Опозицијата порачува да не и се’ дозволи на владејачката ВМРО ДПМНЕ да формира влада.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев рече дека станува збор за проблематични резултати од шестата изборна единица кои директно влијаеле на распределба на пратенички мандати:

„Режимот не смее да формира влада. Им порачуваме на сите партии, освен на ВМРО-ДПМНЕ, да не помислуваат на занемарување на волјата на мнозинството. Постојат разлики од записниците во избирачките места и оние што ги објави ДИК. Само во шестата изборна единица со нивелација на бројките соодносите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе биде 50:50 во мандати“ кажа Зоран Заев, претседател на СДСМ.

Заев побара транспарентна постапка на ДИК по приговорите на социјалдемократите за проблематичните избирачки места. Не даде прецизен одговор дали ако биде во можност СДСМ ќе коалицира со ДУИ. Шефот на државата во денешното обраќање побара партиите да ги признаат изборните резултати:

„Во согласност со Уставот, законските процедури и временските рокови, по конституирањето на Собранието на Република Македонија, ќе го доделам мандатот на партијата што има мнозинство во Собранието”, рече претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов.

ВМРО-ДПМНЕ објави дека таа го добива мандатот за формирање влада без да чека на конечните резултати:

„Победи демократијата, победија граѓаните на Република Македонија, а мандатар е Никола Груевски. ВМРО-ДПМНЕ е партијата со најголем број мандати, ВМРО-ДПМНЕ го има мандатарот“ рече Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

Политичкиот аналитичар Петар Арсовски вели дека „разликата меѓу двете македонски партии е безначајна и не го намалува коалицискиот капацитет на ниту една од партиите.” Сите опции се можни, вели тој, “не се знае што ќе се случи, не се исклучува ниту широка коалиција за која веќе се зборува, но таа може да биде само со краток, транзициски рок“.

По неделните избори се огласи и Европската Унија. Во заедничко соопштение високата претставничка за надворешна и безбедносна политика и еврокомесарот за проширување повикаа на брзо формирање влада.

XS
SM
MD
LG