Линкови за пристапност

Официјално: ВМРО ДПМНЕ 51 - СДСМ 49 пратеници


ВМРО - ДПМНЕ е победник на деветите парламентари избори со два пратеника повеќе од опозициската СДСМ.

ДИК тукушто ги објави првичните официјални резултати од гласањето ВМРО ДПМНЕ освои 51 мандат, СДСМ 49 мандати, ДУИ 10, Беса 5, Алијанса за Албанците 3 и ДПА со два пратенички мандати.

Official results Macedonia elections 2016
Official results Macedonia elections 2016

​Гледано по изборни единици СДСМ ја доби првата, во четвртата и петата имаа идентичен резултат а ВМРО -ДПМНЕ победи во втората, третата и шестата каде што ја направи клулната предност од два пратеника.

Во првата изборна единица ВМРО ДПМНЕ има 8 пратеника а СДСМ 10. Во втотрата ВМРО ДПМНЕ освои 9 а СДСМ 8 мандати. Во третата изборна единица ВМРО ДПМНЕ доби 11 пратеника а СДСМ 9. во четвртата ВМРО ДПМНЕ и СДСМ имаат по 10 пратеници, во петата исто така по идентични 9, а во шестата изборна единица ВМРО ДПМНЕ освои еден пратеник повеќе - 4 додека СДСМ 3.

Бројот на неважечки ливчиња е околу 38 илјади.

ДИК го проби рокот од 24 часа за објавување на резултатите од гласањето.

Тоа наводно се должи на рачното пребројување на гласачките ливчиња во повеќе избирачки места каде електронските извештаи не биле идентични со оние од доставените записници.

Партиите имаат рок од 48 часа за поднесување на жалби а според претседателот на ДИК - Чичаковски веќе се доставени неколку.

XS
SM
MD
LG