Линкови за пристапност

ДИК: До 13 часот гласале 38,43% од запишаните избирачи


Macedonia elections turnout of voters 13h
Macedonia elections turnout of voters 13h

Шестотини илјади граѓани го искористија своет право но и должност и до 13 часот го дадоа својот глас за некој од кандидатите на деветите предвремени парламентарни избори.

Од ДИК соопштија дека процентот на излезеност до 13 часот е 38,43 отсто а досега на избирачките места гласале 598.876 граѓани.

Најголема излезност има во четвртата изборна едница - 39,28% каде веќе се регистрирани излезени 110.121 гласачи. Најмал одзив има во шестата изборна единица - 23,96 отсто или 73.676 лица кои излегле на гласање.

Во првата изборна единица досега гласале 112.209 избирачи или 38,35 отсто, во втората изборна единица каде гласале 100.356 граѓани одзивот е 33,67%, во третата изборна единица досега се регистрирани 108.411 граѓани или 38,67% а во петата изборна единица своето право на глас до 13 часот го оствариле 97.365 граѓани или 33,55%.

Од ДИК сметаат дека изборите се мирни и во фер атмосфера.

„Генерална оценка дека ДИК нема официјални информации за нарушување на изборен процес. Гласањето се одвива во мирна и фер атмосфера“ изјави Александар Чичаковски, оретседател на ДИК.

МВР потврди дека се регистрирани неколку помали инциденти и нерегуларности и дека тие навремено реагирале .

„Од отворањето на гласачките места до 13 часот нема поголеми инциденти, но регистрирани се низа помали инциденти во кои соодветно е реагирано“ информирашеЈордан Ламановски, помошник министер за односи со јавност

Одзивот до 10 часот - 9,49 отсто

До 10 часот својот глас го дадоа над 150 илјади гласачи или 9,49 отсто. Најголема излезност беше регистрирана во третата изборната единица- 11,36 отсто а најмала во шестата изборна единица каде своето право на глас го оствариле 5,10 отсто односно 15.680 граѓани.

Гласањето за предвремените парламентарни избори се одвива во шест изборни единици на 3480 избирачки места и ќе трае до 19 часот.

На изборите учествуваат коалицијата „За подобра Македонија„ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата „За живот во Македонија“ предводена од СДСМ, Коалицијата „ВМРО-За Македонија“, Демократската партија на Албанците (ДПА), Демократската унија за интеграција (ДУИ), Коалицијата „За промени и правда“ предводена од Демократскиот сојуз, Партијата за демократски просперитет (ПДП), коалицијата Алијанса за Албанците, Либералната партија (ЛП), БЕСА и Левица.

Во избирачкиот список се запишани 1.784.416 полнолетни државјани на Република Македонија, од кои 230.122 лица се издвоени во посебен извод од списокот.

Број на гласачи по изборни единици ИЕ 1: 295.948; ИЕ 2: 306.471; ИЕ3: 280.727; ИЕ 4: 282.537; ИЕ 5: 290.433; ИЕ 6: 307.817.

XS
SM
MD
LG