Линкови за пристапност

МВР: Откриени поткупи и уцени на гласачи


Вчера во Струмица, при вршење на контрола на патниот сообраќај од страна на полициски службеници било сопрен „Фиат“ управуван од Б.Г. (52) од Струмица, а во кое како сопатници биле и лицата Е.Ф. (44), А.А. (32), А.А. (55) и К.А. (37), сите од Струмица. Во багажниот простор била пронајдена копија од избирачки список, како и тетратка со име и презиме и матични броеви на лица од ромска националност и броеви на избирачки места каде истите треба да го остварат своето право на глас.

Неколку часа подоцна во СВР Струмица, Г.К. (46) од Ново Село, струмичко, пријавил кривично дело „повреда на слобода на определување на избирачите“ од страна на лицата С.М. и П.Г. од истото село. Имено, на 05.12.2016 година С.М. и П.Г дошле во неговиот дом и му се заканувале дека ќе му ја укинат социјалната помош и дека ќе го убијат доколку не им ја даде личната карта. Истиот се исплашил и им ја дал личната карта.

На 10.12.2016 година во 23.57 часот полициски службеници од ПС Охрид, при обиколка на изборно место бр.1296, лоцирано во с.Велестово, охридско, забележале дека десната влезна врата од објектот-трпезарија од црквата Пресвета Богородица, каде се наоѓал избирачкиот материјал, не била заклучена. На местото излегол Претседателот на избирачкиот одбор, кој кажал дека нема клуч од наведената врата. На претседателот на избирачкиот одбор му било укажано, доколку со членовите на избирачкиот одбор констатираат недостатоци или уништување на избирачки материјал веднаш да информираат за преземање понатамошни мерки.

ВоДемир Хисар, Д.Т. (25) од Демир Хисар, во својство на долгорочен набљудувач од граѓанска асоцијација „ЦИВИЛ“, пријавила кривично дело „поткуп при избори и гласање“ извршено истиот ден околу 17.00 часот во селската продавница во с.Брезово. Имено, за глас даден за една политичка партија, на лицето М.С. од Демир Хисар, од страна на лицата Т.П. и Ј.К., му била понудена материјална корист во износ од 1.000 денари. Исто така, околу 17.45 часот од страна на погоренаведените лица прекршен е изборниот молк на тој начин што оставиле партиски пропаганден материјал и торба пред влезот од куќата на Љ.К. во с.Зашле, демирхисарско.

Во радовишката полиција било пријавено дека во селотоОраовица,пред изборен штаб на една политичка партија, непознати лица од возило во движење со обележја на друга политичка партија, расфрлале рекламен материјал истата политичка партија.

ПС Кочани поднесе кривична пријава против С.М. (28) и З.Б. (50), двајцата од с.Тркање, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на слободата на определување на избирачите“. Имено, на почетокот на декември 2016 година, во повеќе наврати, со намера да ги спречат во вршењето на избирачкото право, на лицата М.М. и М.М. им нуделе по 1.000 денари, а за тие пари требало да гласаат за една политичка партија или да им ги дадат личните карти и да не излезат на гласање. Лицата биле приведени во ПС Кочани и при извршен претрес кај нив и во нивните возила, пронајдени се повеќе списоци на лица со име и презиме и пари.

XS
SM
MD
LG