Од она што може да се види на терен, на избирачките места има голем одзив уште во раните утрински часпови кои по правило се резервирани за пензионерите.
Ова го потврдува и извештајот на Државната изборна комисија (ДИК) од каде соопштија дека до 10 часот својот глас го дале над 150 илјади гласачи. Излезноста е најголема во изборната единица 3 - 11,36 отсто а најмала во шестата изборна единица каде до 10 часот своето право на глас го оствариле 5,10 отсто односно 15.680 граѓани.
Досега нема извештаи за некои посериозни проблеми а според МОСТ гласањето доцнело во две избирачки места и откриени се неколлу случаи каде гласачите го фотографирале своето ливче.
Според најавите лидерите на партиите и носителите на кандидатските листи набрзо ќе излезат на гласање.
Гласањето за предвремените парламентарни избори се одвива во шест изборни едионици на 3480 избирачки места и ќе трае до 19 часот.
На изборите учествуваат коалицијата „За подобра Македонија„ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата „За живот во Македонија“ предводена од СДСМ,Коалицијата „ВМРО-За Македонија“, Демократската партија на Албанците (ДПА), Демократската унија за интеграција (ДУИ),Коалицијата „За промени и правда“ предводена од Демократскиот сојуз, Партијата за демократски просперитет (ПДП), коалицијата Алијанса за Албанците, Либералната партија (ЛП), БЕСА и Левица.
Во избоирачкиот список се запишани 1.784.416 полнолетни државјани на Република Македонија, од кои 230.122 лица се издвоени во посебен извод од списокот.
Број на гласачи по изборни единици -ИЕ 1: 295.948; ИЕ 2: 306.471; ИЕ3: 280.727; ИЕ 4: 282.537; ИЕ 5: 290.433; ИЕ 6: 307.817 гласачи.
Изборите ги следат 7.585 домашни и 667 странски набљудувачи. ОБСЕ ќе мониторира со 281 а Амбасадата на САД има 51 набљудувач. Граѓанската асоцијација „Мост“ е присутна на терен со 3.000 набљудувачи. Од оваа асоцијација упатија апел до граѓаните да пријават каква било неправилност на бројот 080 080 080.