Линкови за пристапност

Зголемени донации за прогресивните организации


Американската унија за граѓански слободи известува за 120,000 донации вредни 7,2 милиони долари, веднаш по изборот на Трамп за претседател

Недела по изборите во САД, бројни организации чии агенди се спротивставуваат на онаа на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп имаат голем пораст на донациите.

Часови по прогласувањето на Доналд Трамп како победник во изборната трка, Американската унија за граѓански слободи, објави повик за донирање пари, предупредувајќи дека ако се спроведат некои од ветувањата од кампањата на Трамп, него „ќе го видите на суд.“

Според организацијата, резултатот е најголем пораст на поддршката за нивната кауза во 94 годишната историја, вклучувајќи околу 120,000 донации вредни 7,2 милиони долари. Одговорот бил толку масовен, што веб страницата на организацијата паднала на денот по изборите.

Извршниот директор на Американската унија за граѓански слободи, Антони Ромеро вели дека приливот на нови средства ќе помогне да се одговори на неколку приоритети, вклучувајќи отпор кон можната масовната депортација на не документирани имигранти, заштита на граѓанските слободи на транс-родовите Американци и заштита од практиката „застани и претреси“ прифатена од полицијата пошироко во земјата.

Друга организација која известува за зголемени донации по победата на Трамп е, Планирано родителство. Организациите за кои се борат за правата на жените известуваат дека имаат досега невидена поддршка, преку 128,000 лица дале свој паричен придонес.

Трамп повика на прекинување на федералното финансирање за оваа организација, затоа што изведува најголем број абортуси во САД. Тој исто така вети дека ќе номинира судии во Врховниот суд на САД кои се залагаат против абортусот. Но директорката на Планирано родителство вети дека ќе се бори против ова.

Како одговор на предлогот на Трамп за забрана за влез на муслимани во САД, став за кои некои негови поддрржувачи сега велат дека не бил сериозен, активистите се свртеа кон групите како Совет за американско-исламски односи. Според Ибрахим Хупер, директор за комуникации на оваа организацијата, тие имаат невиден пораст на лицата кои сакаат да волонтираат. Досега се пријавиле преку 500 лица.

Како одговор на предлогот на Трамп за повлекување на САД од климатскиот договор од Париз, од Sierra Club велат дека регистрирале 9,000 нови донатори.

Други организации кои известуваат за зголемен број на заинтересирани донатори се занимаваат со заштита на правата на имигрантите, како и големите организации кои се застапуваат за ЛГБТ правата.

XS
SM
MD
LG