Станува збор за членот 69 а каде јасно е наведено што се смета за изборна кампања која смее да почне најрано 20 дена пред изборите односно на 21 ноември. Доколку се прекрши овој член предвидени се казни и до осум илјади евра за политичките партии
„За изборна кампања се смета јавно собирање и други јавни настани организирани од страна на учесникот во изборната кампања, јавно истакнување на плакати, видео презентации на јавни места, изборно медиумско и интернет претставување, дистрибуирање на печатени материјали и јавно претставување на потврдените кандидати од надлежните изборни органи и нивните програми.
(2) Изборната кампања започнува 20 дена пред денот на изборите и во првиот и вториот круг на гласање не смее да трае 24 часа пред денот на изборите и на денот на изборите.“
Токму затоа неколку партии викендов ги откажаа закажаните прес конференции на кои требае да се обратат нивните кандидати за пратеници или пак носители на листи.
Интересно е што овој член не е вметнат со последните законски измени во ноември минатата година туку постои со години само што досега никој не го почитувал.