Линкови за пристапност

Обама во посета на Грција, Германија и Перу


Се очекува Трамп да биде централна тема во разговорите

Претседателот на САД, Барак Обама денеска заминува на последната странска посета во неговото претседателствување. Неговите советници очекуваат дека главна тема на состаноците ќе биде изборот на Доналд Трамп за претседател на земјата.

Заменик советникот за национална безбедност, Бен Роудс вели дека посетата на Грција, Германија и Перу е сигнал за солидарност со најблиските сојузници и начин да се искаже „поддршка за интегрирана и обединета Европа“

Во средата Обама ќе го одржи единствениот планиран говор во Грција, посветен на потребната работа која треба да биде завршена за справување со економските предизвици во земјата и светот, со цел промоција на сеопфатен економски раст и борба со нееднаквоста.

Роудс вели дека Обама ќе се сретне со премиерот на Грција, Алексис Ципрас за да искаже поддршка за грчкиот народ, кој помина во тежок период во справување со економската криза по добивањето на меѓународниот пакет помош и строгите кратења за јавната потрошувачка.

Германската канцеларка Ангела Меркел, ќе се сретне со претседателот Барак Обама во четвртокот. Роудс го подвлече значењето на односите меѓу двете земји, нарекувајќи ја Меркел „најблизок партнер на претседателот во текот на целото претседателствување.“

Лидерите на Британија, Франција, Италија и Шпанија ќе присуствуваат на средбата во Берлин во петокот, на која ќе се разговара за борбата со Исламската држава, прашањата за миграцијата, состојбата во Украина и минатонеделните избори во САД.

За време на кампањата, Трамп на неколку пати зборуваше против меѓународните договори постигнати за време на администрацијата на Обама, вклучувајќи го нуклеарниот договор со Иран, меѓународниот договор за климатските промени, кој постана важечки минатиот месец и преговорите за Транс пацифичкиот партнерство (ТПП), договор кој се` уште не е одобрен во Конгресот.

Роудс на новинарите им кажа дека без разлика на исходот на изборите, Обама и неговата администрација имаат интерес следниот претседател на САД да биде успешен во својата работа, и светот има сличен интерес.

Се очекува Транс пацифичкиот партнерство да биде тема на разговорите на Обама со лидерите кои беа вклучени во преговорите за време на неговата посета на Перу, и да разговара за тоа како изборите ќе влијаат на иднината на преговорите и други трговски прашања. Тој исто така има закажано средба со кинескиот претседател Ши Џинпинг. Кина не е дел од договорот за Транс пацифичкиот партнерство (ТПП).

Азиско-пацифичкиот регион беше во фокусот на надворешната политика на Обама, и на главната агенда на посетата при посетат на Перу е говорот на самитот за азиско пацифичка економска соработка.

Трамп може да зазеде друг став спрема Азија, но, Роудс вели дека поради растот на регионот и останатите договори и трговски партнерства кои САД ги имаат склучено, тој верува дека регионот ќе остане приоритет.

XS
SM
MD
LG