Линкови за пристапност

Сите калкулации завршуваат за неколку часа


Во битката за електоралните гласови, секоја победничка математика за Белата куќа започнува со Пенсилванија

Во Пенсилванија и двете претседателски кампањи гледаат можност за победа, иако оваа сојузна држава со мала разлика гласа за демократите од 1980-та наваму. Од руралните области тешко погодени од губењето на работните места, до урбаните заедници во кои се рефлектира демографските промени во земјата, оваа сојузна држава е предизвик и во ова изборна сезона.

Само на неколку часа пред отворање на изборните места во Пенсилванија, и двете кампањи не можат да бидат појасни во нивните стратегии за победа.

Волонтерите земаат плакати и изборни знаци Трамп-Пенс од изборната канцеларија на кампањата на Трамп. Тие се јавуваат на гласачите и земаат сертификати за набљудување на гласањето на изборните места. Тие ќе внимаваат за појава на изборни измами, нешто за кое Трамп предупреди неколку пати за време на кампањата.

Во предградијата на Филаделфија, каде Барак Обама победи само со 500 гласови разлика пред Мит Ромни во изборите во 2012-та, изборните измами не претставуваат загриженост. Повеќето работници се загрижени за економската состојба на државата. Тоа е реалноста со која се соочуваат и двете кампањи.

Клинтон очекува да постигне е добар резултат во Питсбург и Филаделфија, пред се со поддршката од афро-американската заедница, додека Трамп очекува да освои повеќе гласови во руралните, помалку населени области во оваа сојузна држава.

Хилари Клинтон ги помина последните часови од кампањата во Филаделфија. Но Трамп искажа уверување дека ентузијазмот присутен на неговите митинзи ќе се преслика и на денот на изборите.

Во последните денови од кампањата, Клинтон имаше солидно водство во анкетите, 6 проценти пред денот на гласањето.

XS
SM
MD
LG