Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, побара од делгатите на 21 Конгрес да ги поддржат предложените пратенички листи за изборите кои ќе се одржат на 11 декември. По седницата на Извршниот и централниот одбор тој им се обрати на присутните потенцирајќи дека ова се победнички листи .
- Во името на раководствтото на СДСМ и во името награѓаните на Македонијаја барам поддршката и заедно да ја донесеме историската победа на граѓанска Македонија. Пресвртот во Македонија почнува денес. Една партија широко ги отвори вратите и ја отвори својата душа на граѓаните. Успеавме затоа што израснавме, созреавме. Граѓаните го препознаа својот партнер. Така се гради солидарно општество и држава на еднакви граѓани. Стоиме на зборот. Секој ни е важен. Затоа овие пратенички листи отвараат место за сите. Во нив не има од различни региони, професии, етнички заедници, од градови и села, од секаде, од секоја пора на општеството, рече Заев.
Иако сеуште неофицијално, носител на пратеничката листа во првата изборна единица е поранешниот претседателски кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, во втората изборна единица носител е актуелниот министер за внатрешни работи и генерален секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, во третата изборна единица,е Љупчо Николовски дополнителен заменик министер за земјоделство, претседателот на СДСМ, Зоран Заев е на чело на четвртата изборна единица,во петтата изборна единица носител е потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска а вошестата изборна единица е портпаролот на партијата Петре Шилегов.
На пратеничките листи се наоѓаат и неколку граѓански активисти и членови на т.н. “Шарена Револуција“ како и места за коалициските партнери на партијата.
Интересно е што се изоставени неколку имиња за кои барем во јавноста беше очекувано и речиси сигурно дека ќе се најдат на пратеничките листи и дека ќе котираат доста високо.