Линкови за пристапност

Хјуман рајтс воч: мините поставени од ИСИС закана за населението


Илјадници лица веќе загинале, а бројот ќе расте со враќањето на жителите во своите домови, тврдат од организацијата.

„Хјуман рајтс воч“ предупредува од опасноста со која се соочува цивилното население од мините поставени од борците на Исламската држава, во време кога продолжува битката за повторно освојување на области во Ирак и Сирија.

Од организацијата велат дека истрагата во северниот сириски град Манџиб утврдила дека досега 69 лица загинале од експлозивни направи, а во болниците лекарска помош побарале илјадници.

Исламската држава изврши инвазија на Манџиб во 2014-та година, а областа беше повторно освоена во август.

„Хјуман рајтс воч“ ги повика властите и меѓународните организации да ја подигнат свеста кај жителите кои се враќаат во нивните домови за оваа опасност.

Од организацијата исто така велат дека треба да се засилат напорите за деминирање, и ги повикаа земјите кои се граничат со Сирија да одобрат влез на компании кои се занимаваат

XS
SM
MD
LG