Линкови за пристапност

Македонија се подобрила според извештајот „Дуинг бизнис“


Измените и дополнувањата во законите на системот за трансакции, регистарот и зајакнувањето на заштитата на правата на инвеститорите помогнале за подобрениот рејтинг

Според најновиот извештај „Доунг бизнис 2017-та“ Македонија се најде на 10 место за водење бизнис.

Земјата го подобрила пристапот до кредитирањето со подобрување на законите со цел обезбедување функционален транскациски систем. Во извештајот стои и дека се зајакнати и правата на малцинските акционери и нивната улога во донесување на поважни корпоративни одлуки, преку овозможување на поголем пристап до информации за време на рочиштата. Подобро е објаснета и сопственоста и структурата на контролата.

Земјата направила и позитивни исчекори во постапката за разрешување на неликвидноста.

Македонија го направила спроведувањето на договорите потешко како резултат на прифаќањето на амандмани во законот за граѓанска постапка со посредувањето пред започнување на судска постапка, со што се зголемува времетраењето на процесот.

Најдобро рангиран во годинешниот извештај е Нов Зеланд, потоа следат Сингапур, Данска, Хонг Конг... САД се рангирани на осмото место.

XS
SM
MD
LG