Линкови за пристапност

Кајара - град во чад и урнатини, но Ирачаните прославуваат


И покрај опустошувањето жителите на градот среќни по заминувањето на ИСИС

„Не можеме дури ни да си ги измиете рацете, затоа што имаме вода само за пиење“ вели Интисар која живее во градот Кајара, Ирак. Таа е опкружена од нејзините три ќерки, а нивната облека, лицата и рацете се црни од остатоци од нафта.

На хоризонтот се гледа црниот чад од пламенот над нафтените полиња. Пет дена претходно, борците на Исламската држава, на само 300 метри од нејзината куќа изведуваа напади, вклучувајќи и палење на нафтените полиња. Пред еден месец тие ја контролираа Кајара.

Северно од градот, чадот од фабриката за сулфур која беше запалена од борците на Исламската држава уби најмалку две лица, а околу 1000 завршија во болница.

Ќерката на Интисар, Хаибат која е на околу 10 годишна возраст носи маска. Властите ги советуваат граѓаните да носат маски, за да се заштитат од отровите. По неколку минути, Хаибат ја извади маската.

„Нафтата гори долго време и луѓето се навикнаа“ вели нејзината мајка.

Разурнување

Локалното население вели дека во Кајара зградите биле разурнати од коалиционите воздушни напади. На споменикот на главната улица се испишани имињата на оние кои биле убиени од страна на Исламската држава.

„На почетокот, борците на Исламската држава не се интересираа за луѓето, тие само сакаа да имаат контрола врз градот“, објаснува Обајда, кој се вратил во Кајара по ослободувањето на градот пред еден месец. „Тие дури не ги вознемируваа фамилиите на војниците кои служеа во ирачката армија.“

Сега Обајда работи во продавница за храна во делот во градот каде многу од бизнисите се затворени и продавниците се со искршени излози. Тој е сунит, но служи во шиитската милиција, заедничка сунитска и шиитска операција.

Како завршуваше повеќе месечнoто владеење на ИСИС, тој вели дека нервозата кај милитантите растела. Тие ги ликвидирале поранешните полицајци, војници и владини работници. Семејството на Обајда морало да ја преплива реката пред шест месеци, затоа што мостот бил бомбардиран и тие избегале во бегласки камп во курдскиот регион.

„Тие кон луѓето се однесуваа како кон кучиња“ и вели дека „не можевме да ги напуштиме нашите домови. Немаше работа и пари.“

Без разлика на разурнувањата, мнозинството на локалното население кое останало или се вратило го искажуваат своето добредојде за ирачката армија.

На зградите можат да се видат графити со поддршка на армијата, и лутина кон Исламската држава. Некои од нив се со порака „Да живее Ирак. Смрт за Исламската држава.“

Заштита на населението

Воени престапници велат дека тие победуваат во војната против Исламската држава, но заштитата на населението е најголем предизвик.

Кога ирачките и курдските сили ќе стасаат до Мосул, вториот најголем ирачки град, и најголемо упориште во земјата каде Исламската држава се очекува да користи цивили за да се заштитат, вели генерал мајорот Наџим ал Џибури, ирачки командант во операцијата за заземање на Мосул.

„Најголем предизвик се луѓето во селата и градовите“ вели тој „ИСИС ги користи за сопствена заштита“

Во Мосул, на жителите им било кажано да се плашат од војската која се приближува, а локалните жители веќе се исплашени од воздушните напади“

Милитантите исто така поставиле импровизирани експлозивни направи и мини во селата кои биле ослободени, и изградиле тунели за бегство. Се очекува милион лица да се обидат да го напуштат градот кога за тоа ќе имаат можност, иако околината е минирана.

XS
SM
MD
LG