Линкови за пристапност

Берзите нервозно ги следат изборите


Политичката неизвесност кочница за економијата

Постои загриженост и неизвесност како изборите влијаат врз економија, а истражувачите велат дека ефектот врз бизнисите расте.

Податоците упатуваат дека берзите се поранливи за време на изборната сезона, а истражувањата покажуваат дека корпорациите ги одлагаат набавките и одлуките за инвестирање кога иднината е неизвесна. Но постои и дебата за тоа како да се оцени влијанието на политичката нестабилност врз економијата.

Во САД, истражувањето на јавното мислење покажува дека е неизвесно која партија ќе ја преземе контролата врз Сенатот и републиканците најверојатно ќе ја задржат контролата врз Претставничкиот дом. Анкетите велат дека демократската Хилари Клинтон, води во трката за претседател.

Републиканскиот кандидат, Доналд Трамп и демократската кандидатка Хилари Клинтон предлагаат драстично различен начин како да се раководи со економијата, даноците и други прашања, а инвеститорите ја следат трката, вели Џоел Пракен од истражувачката фирма, Macroeconomic Advisers.

„Како растат шансите за победата на Клинтон, како што е што беше регистрирано во истражувањето на јавното мислење, видовме раст на берзите, и кога имаше пад на популарноста на Клинтон, видовме дека берзите паѓа.“

Влијанието на политиката и политичката нестабилност врз економијата се` повеќе расте, вели професорот по финансии од Универзитет во Ајова, Арт Дунев „Политиката влијае на финансиските пазари многу повеќе отколку да речеме од пред 10, 20 или 30 години порано.“

Неизвесноста исто така влијае на потрошувачите на кои им припаѓаат околу една третина од економските активности, вели Џоел Пракен.

Други експерти се сомневаат во тоа дали политичката нестабилност има поголемо или помало влијание отколку цената на енергијата, каматните стапки или корпоративните прогнози за иднината на побарувачката.

Според Бил Галстон од Бругингс „Има големо разногласие помеѓу економистите за тоа колку тежи политичката неизвесност наспроти фундаменталните оценки за пазарот.“

Без разлика на тоа дали политиката влијае врз економијата или не, тоа секкако нема да заврши со изборите. На пример, ако Хилари Клинтон победи, Претставничкиот дом ќе треба да ги одобри нејзините програми. Тоа може да биде тешко затоа што постои веројатност и двата законодавни дома да бидат под контрола на скептичните републиканци.

XS
SM
MD
LG