Контролата на мисијата во Германија со аплауз ја пречека веста за успешното одделувањето на сондата Шиапарели од главното летало Trace Gas Orbiter, како што беше планирано по седум месеци, и 496 милиони километри долгиот лет од земјата.
Шиапарели ќе направи слики и ќе изврши научни мерења на површината Марс, но главната цел е да изврши тестирање на новата технологија наменета за идниот европски ровер на Марс.
Во меѓувреме, Trace Gas Orbiter ќе остане во орбитата, и ќе го анализира метанот и другите гасови во атмосферата на Марс за да одреди дали постои живот на планетата.
Двете летала беа лансирани во Март, и се дел од ЕксоМарс мисијата, заеднички проект на Европската вселенска агенција и руската агенција Роскосмос.