Линкови за пристапност

Поворка за починатиот тајландски крал


Телото на починатиот монарх Бумибол Адулиадеј пристигна во Големата палата во Банкок

Принцот Маха Вајиралонгкорн е следен од кралската лоза кој ќе го наследи неговиот татко. Зборувајќи пред новинарите, тајландскиот премиер Прајут Чан-оча кажа дека крунисувањето треба да почека откако ќе помине една година на жалост.

„По завршувањето на жалоста за загубата на кралот Бумибол, кога ќе дојде вистинското време, крунисаниот принц потврди дека тој ги разбрал задачите и ќе продолжи да ги извршува неговите обврски како наследник на тронот.“

Претходно, принцот пристигна во болницата да го прими телото за поворката. Вајиралонгкорн и неговата сестра, Махи Чакра Сириндорн ја водеа поворката која помина низ улиците на градот каде се собраа илјадници лица.

Синиот ковчег беше придружуван од монаси. Поворката ја помина реката Чао Праја и заврши во комплексот на Големата палата.

67 милионската нација остана ожалостена по смртта на монархот, кој се истовремено се бореше со неколку болести. Тој беше не 88 годишна возраст и беше со слабо здравје во последните неколку години.

Земјата веќе ја започна со едногодишната жалост.

По веста за смртта на кралот Бумибол, светските лидери искажаа сочувство за кралското семејство, владата, и народот на Тајланд.

Американскиот претседател Барак Обама кажа дека кралот бил близок пријател на САД и ценет партнер на многу американски претседатели.

XS
SM
MD
LG