Линкови за пристапност

Нови наводи за некоректно однесување на Трамп и нова контраверза во чие средиште е кампањата на Клинтон


Две жени за весникот „Њујорк Тајмс“ изјавиле дека биле сексуално нападнати од Доналд Трамп, една од нив биснисменка која вели дека Трамп неумесно се однесувал кон неа за време на авионски лет во 1978 година.

Неговата кампања издаде писмено соопштение нарекувајќи ги сториите на „Њујорк Тајмс“ „измислица“ и приказната ја нарекоа обид за валкање на личноста на Трамп пред ноемвриските избори.

Во меѓувреме, кампањата на Клинтон се соочува со посериозна контроверза поврзана со објавувањето на илјадници електронски пораки од нејзиниот тим, од страна на Викиликс.

Веб страницата публикуваше илјадници електронски пораки од личната преписка на Џон Подеста, менаџерот на кампањата на Клинтон, наводно превземени од руски хакери.

Најновите истражувања на гласачкото мислење сугерираат дека Клинтон, која се бори да стане прва жена претседател на САД, има големо водство пред Трамп.

Анкетите на Real Clear Politics покажуваат дека таа на национално ниво во просек води со 6,2 проценти.

XS
SM
MD
LG