Линкови за пристапност

Боб Дилан ја доби Нобеловата награда за литература


Признание „затоа што создал нови поетски изрази“

Легендата Боб Дилан ја доби Нобеловата награда за литература, прв музичар текстописец да ја добие оваа престижна награда.

Шведската академија, која ја носи одлуката за тоа кому ќе му биде доделена Нобеловата награда за литература вели дека Дилан бил почестен „затоа што создал нови поетски изрази во огромната американска музичка традиција.“

Тој беше спомнуван како можен добитник на Нобеловата награда и во претходните години, но на него не` се гледаше како на сериозен кандидат.

75 годишниот пејач и текстописец, роден како Роберт Ален Зимерман ја започнал кариерата во 1959 година со изведби во кафетерија во Минесота. Некои од неговите песни станаа симбол на борбата против виетнамската војна и движењето за човекови права.

XS
SM
MD
LG