Линкови за пристапност

Трката за Генерален секретар во ОН во завршна фаза


Важно гласање во Советот за безбедност

Советот за безбедност кој се состои од 15 членки треба да усвои препорака за кандидат кој ќе биде поддржан од 193-те членки на Генералното собрание.

Од почетокот на јули, советот одржа пет рунди на неформално и анонимно гласање за да го одреди расположението на членките кон 10-те номинирани кандидати.

Во сите пет рунди водеше поранешниот премиер на Португалија, Антонио Гутереш кој беше и на позицијата висок комесар за бегалци на ОН од 2005-та, до декември минатата година. Но со тоа, не му е обезбедена и победата.

Во последен момент во трката се вклучи Кристалина Георгиева од Бугарија. Во моментот таа работи во Европската комисија и нејзиното вклучување во трката беше предмет на шпекулации затоа што Софија веќе вети поддршка за Ирина Бокова, која во моментов е на раководната позиција во УНЕСКО.

Бокова на првото неформално гласање го освои третото место, но поддршката за неа опаѓаше во последователните гласања. Бугарија ја повлече поддршката за Бокова, и застана зад Георгиева.

Откако Советот за безбедност ќе се договори за финалниот кандидат, со анонимно гласање треба да се финализира препораката во форма на резолуција.

Резолуцијата ќе биде испратена до 193 членки на Генералното собрание каде треба да биде потврден изборот на советот.

Победникот ќе ја преземе функцијата од Бан Ки Мун на 1-ви јануари, 2017-та година.

XS
SM
MD
LG