Линкови за пристапност

Колумбијците го отфрлија мировниот договор со ФАРК


Колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос вели дека тој не се откажува од мирот

Гласачите со мала разлика 50,2 проценти наспрема 49,97 проценти го отфрлија договорот. Истражувањето на јавното мислење пред гласањето покажуваше дека референдумот ќе помине.

Мировниот договор потпишан мината недела имаше за цел формално ставање крај на 52-годишното востание на левичарските бунтовници. Во герилската војна во Колумбија загинаа повеќе од 220.000 лица, a милиони ги напуштија домовите.

ФАРК за финансирање на војната ја користел трговија со дрога. Киднапирањето на политичари и странци кои беа држени како заложници во скривалишта во џунглата исто така е препознатливо за оваа бунтовничка група.

XS
SM
MD
LG