Линкови за пристапност

Унгарците се изјаснија против мигрантските квоти на ЕУ


Референдумот беше свикан од владата на премиерот Виктор Орбан

Со големо мнозинство, Унгарците на референдум ги отфрлија квотите за мигранти на Европската Унија.

Според податоците објавени на веб страницата на унгарската државна изборна комисија, со речиси сите преброени гласови, мнозинството од 98 проценти од излезените гласачи се изјасниле против квотите на Европската унија.

Премиерот Виктор Орбан силно се спротивставува на европскиот план за релоцирање на 160.000 мигранти низ земјите во Европската унија, со кој Унгарија треба да прими 1,294 баратели на азил.

„Оваа е за иднината на Унгарија, најверојатно најважното прашање за годините што доаѓаат, за иднината на нашите деца и внуци. Со кој ќе живееме, што ќе се случува со нашата култура, што ќе се случува со нашиот начин на живот кој сега го имаме, нашиот економски систем кој со големи тешкотии повторно го вративме на здрави нозе, и што ќе се случува со нашите христијански корени.“

Гласањето, сепак се очекува да не биде валидно затоа што бројот на излезени гласачи е помал од 50 проценти, плус еден глас кој е задолжителен за прифаќање на истиот.

Без разлика дали е валиден или не, резултатот не е обврзувачки во Унгарија или во Европската Унија.

Околу 83,3 милиoни Унгарци имаа право да гласаат на референдумот во неделата.

XS
SM
MD
LG