Линкови за пристапност

ОПЕК: Помало производство, поголеми цени на нафтата


Цената на суровата нафта порасна по извештаите дека земјите членки на ОПЕК постигнале договор за намалување на производството. Оваа е прв ваков договор по осум години.

Новинските извештаи кои цитираат анонимни извори велат дека производството на ОПЕК ќе биде намалено од 33 милиони барели дневно до 32.5 милиони.

ОПЕК придонесува со околу една третина од светското производство.

Цените на нафтата едно време беа и над 100 долари за барел, но започнаа нагло да паѓаат по 2014-та година, кога американското производство со помош на дупчењето со хидраулично напукнување доведе до драстично зголемување на производството.

Во минатото кога цените на нафтата ќе паднеа, Саудиска Арабија која е клучна членка на ОПЕК ќе го намалеше производството.

Но, неодамна земјата соопшти дека нема да го намали производството, ако другите земји не го следат чекорот.

Некои аналитичари шпекулираа дека саудиската акција да се држат цените ниско имаат за цел за ги истиснат надвор од бизнис американските произведувачи на сирова нафта чии операции се вообичаено поскапи. Но овие производители се покажаа поотпорни отколку што многумина експерти очекуваа.

XS
SM
MD
LG