Линкови за пристапност

Абас ќе присуствува на погребот на Перес


Палестинскиот претседател планира да го посети Ерусалим за прв пат по пет години

Палестинскиот претседател Махмуд Абас планира во петокот да отпатува до Ерусалим за да учествува на погребот на поранешниот израелски претседател и премиер Шимон Перес.

Со присуството на погребот, Абас се надева да “испрати силна порака до израелското општество дека Палестинците се за мир, и ги почитуваат напорите на мировниците, каков што беше Шимон Перес“ кажа висок палестински претставник.

Абас не го посетил Ерусалим од почетокот на 2010, и беше првиот арапски лидер кој изрази жалење за смртта на Перес. Јорданскиот крал, Абдула Втори денеска изрази сочувство до Ираел, еден ден откако тоа го стори Абас.

Смртта на Перес беше дочекана со официјален молк во повеќето арапски земји, кое го рефлектира нивната долго противење на постоењето на Израел.

Западните лидери искажаа жалење за смртта на поранешниот израелски лидер. Поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон веќе пристигна во Ерусалим.

Клинтон, Абас заедно со претседателот Обама и многу поранешни и сегашни светски лидери ќе учествуваат на погребот на Перес во петокот.

XS
SM
MD
LG