Линкови за пристапност

Патнички воз удри во станица во Њу Џерси, едно лице загина, стотина повредени


Портпарол на градот Хобокен, каде се случи несреќата, Хуан Мели за Гласот на Америка кажа дека возот излетал од шините, поминал преку платформата на станицата и завршил под покриениот простор кој се наоѓа помеѓу чекалната и платформата, предизвикувајќи уривање на металниот кров.

Мари Шиаво, поранешен главен инспектор во Одделот за транспорт за Си-Ен-Ен кажа дека несреќата можеби се случила како резултат на „проблем со машиновозачот или проблем со возот“

Ниту еден од возовите кои се во сопственост на транзитниот систем на Џу Џерси нема инсталирано опрема за превенција на несреќи со тоа што автоматски ќе биде запрен возот кој се движи пребрзо. Федералната влада нареди инсталирање на таков систем во целата земја, но рокот беше продолжен по барање на железниците.

Сликите кои беа покажани во медиумите покажуваат голема штета на железничката станица, а возот стои подалеку од шините.

Железничкиот сообраќај бил суспендиран во и надвор од Хобокен, која се наоѓа на 11 километри он градот Њујорк.

Станицата е затворена. Спасувачките екипи се на местото на настанот. Причината за несреќата се` уште се истражува.

XS
SM
MD
LG