Линкови за пристапност

Напнати американско-турски односи


Анкара се надева дека новоизбраниот претседател на САД ќе ги подобри билатералните односи

Турските медиуми известуваат дека дипломатските тензии доминирале за време на дводневната посета на Анкара на американскиот заменик државен секретар Антони Блинкен и Брет МекГурк, специјален претставник на претседателот Барак Обама во глобалната борба со Исламската држава.

МекГурк бил прекорен за неговото прифаќањето на медал од Сириската курдска паравојска, клучен американски сојузник во борбата против Исламската држава. Според извештаите на крајот на средбата, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му рекол н американскиот дипломат „Не` правете го тоа повторно“.

Анкара ја обвинува Сириската курдска паравојска за тероризам и за поврзаност со ПКК, движење кое е забрането во Турција повеќе од 50 години. Оваа се само една од разликите која ги заостри односите помеѓу двете НАТО членки.

Анкара е лута на фактот дека Пентагон размислува директно да ја вооружи Сириската курдска паравојска.

Турција од САД бара екстрадиција на свештеник Фетула Ѓулен, кој се обвинува за неуспешниот државен удар во земјата.

Во минатите неколку недели, Вашингтон работеше на поправање на односите. Потпретседателот на САД, Џо Бајден ја посети Анкара, а на маргините на самитот на Г-20, Ердоган се сретна и со претседателот на САД, Барак Обама.

Поранешниот турски дипломат Ајдин Селчен вели дека Анкара се надева на подобрување на односите во периодот по претседателот Барак Обама и можниот избор на Хилари Клинтон за претседател.

XS
SM
MD
LG