Линкови за пристапност

Политичкото искуство на Хилари Клинтон


Ако демократската претседателска кандидатка Хилари Клинтон биде избрана за претседател, дали таа ќе биде повеќе како прва дама, од времето кога нејзиниот сопруг Бил Клинтон беше претседател или повеќе ќе биде како во времето кога таа беше сенаторка од сојузната држава Њујорк од 200 до 2009-та година?

Клинтон има богато политичко искуство, вклучувајќи го тука и нејзиниот мандат како државна секретарка на САД. Какво влијание ќе има на нејзиното владеење и каква е претставата за неа во американската јавност.

„Ако Клинтон како претседател е повеќе како што беше прва дама, тоа може да биде проблематично за неа. Ако таа е повеќе како во времето кога беше сенаторка, таа ќе постигне поголем успех“, вели Џон Худак од институцијата Брукингс.

Првата дама Клинтон

Клинтон избра да биде поактивна прва дама од многу од нејзините претходнички, обидувајќи се да справи со проблеми како реформата на здравствената заштита. Законот не помина во Конгресот во 1993, а таа беше критикувана за комплексноста по прашањето и нејзината улога како сопруга на претседателот во предлагањето. Нејзината популарност опадна за речиси 20 проценти.

Нејзиниот рејтинг се поврати во 1998 година откако таа го бранеше нејзиниот сопруг Бил Клинтон за време на скандалот со Моника Левински.

Сенаторката Клинтон

Ако таа биде избрана за прва жена претседател на САД, се очекува Клинтон да ја продолжи работата на нејзиниот претходник првиот Африканско - американски претседател Барак Обама.

Клучна разлика помеѓу Клинтон и Обама може да биде нивната соработка со Конгресот. Претседателот Обама не е познат по неговите способности да изгради мостови со законодавците на Капитол Хил, но искуството на Клинтон како сенатор може да биде корисно во нејзиното градење на агендата во првите 100 дена.

Клинтон ја научи политичката лекција. Да води ефективна администрација Клинтон ќе треба да ги искористи нејзините лекции научени во првата трка за претседателска номинација и како државна секретарка

XS
SM
MD
LG