Линкови за пристапност

Мрачни прогнози за светската економија


Проекцијата за трговската размена со раст од само 1,7 проценти

Глобалната трговска размена ќе продолжи да расте со најмал интензитет од почетокот на глобалната финансиска криза, кое според Светската трговска организација треба да биде „повик за будење.“ Во најновиот извештај за трговијата на СТО стои дека размената годинава ќе порасне за само 1,7 проценти, остар пад во споредба со поранешните прогнози.

Извештајот за слабата трговија за овој тренд како причини ги наведува намалената побарувачка на добра, промени во глобалниот синџир на достава и растот на политичкиот сентимент за заштита на домашните индустрии од странската конкуренција.

Еден од примерите за непопуларноста на трговските договори беше и претседателката дебата во САД, каде републиканскиот кандидат Доналд Трамп обвини дека дефектните трговски договори се виновни за економските проблеми. Демократската кандидатка Хилари Клинтон исто така критикуваше некои од трговските договори.

Посебен извештај на Меѓународниот монетарен фонд исто така упатува на тоа дека недостигот на трговски договори е причина за слабиот раст на трговска размена. Поддржувачите на овие договори велат дека кратењето на бариерите во тргувањето го намалува чинењето на производите.

Многу економисти велат дека растот на трговијата ја помага економијата, конкурентноста и ги охрабрува компаниите да најдат места за производство кои се најефикасни.

XS
SM
MD
LG