Линкови за пристапност

Гутереш води во трката за генерален секретар на ОН


Следното неформално и најверојатно најважно гласање закажано за почетокот на октомври

Во борбата за позицијата светски највисок дипломат, поранешниот португалски премиер, Антонио Гутереш се наметна како еден од најсериозните кандидати.

Во петата неформална рунда, Гутереш го освои првото место - по петти последователен пат. Тој беше единствен од кандидатите кој ги освои неопходниот минимум од девет гласови. Неговата кандидатура беше поддржана со 12 гласови, два беа против и еден неутрален.

Многумина дипломати веруваат дека еден од двата гласа против него доаѓа од Нов Зеланд, нација која се обидува да ги зголеми шансите на нивната поранешна премиерка Хелен Кларк, која во досегашната трка постигна разочарувачки резултати. Гласањето во понеделникот ја постави на дното во групата.

Најважното прашање кое останува неодоговорено е дали некоја од земјите членки на советот со право на вето подготвува негативно гласање. Некои шпекулираат дека Русија може да го блокира Гутереш – кој е западно европеец – и да бидат поблагонаклонети кон кандидат од Источна Европа.

Источна Европа номинираше 6 кандидати за трката, велејќи дека тие се единствениот регион кој немал претставник на оваа позиција и тие се надеваат дека ќе го пополнат местото чиј мандат започнува на 1-ви јануари, 2017-та.

Нивните кандидати досега покажаа солиден резултат во неформалното гласање. Поранешниот српски министер за надворешни работи Вук Јеремиќ беше втор, а актуелниот словачки министер за надворешни Мирослав Лајчек беше трет. Во претпоследното гласање, Лајчек беше втор а Јеремиќ трет.

Но и двајцата имаат по осум земји кои ја поддржуваат нивната кандидатура, ставајќи ги и двајцата под неопходните девет, и многу наназад зад Гутереш.

Бугарската кандидатка Ирина Бокова беше предмет на шпекулации. По освоеното петто место во претходните неформални гласања, започнаа да се шират гласни дека ако таа не се најде на првото или второто место, Софија ќе ја повлече нејзината кандидатура, а нејзе ќе ја замени Кристалина Георгиева од Европската комисија. По еднонеделната кампања на маргините на Генералното собрание, Бокова го освои петтото место. Со само шест земји кои ја поддржуваат нејзината кандидатура – еден глас помалку од минатиот пат, и два гласа повеќе кои не ја поддржуваат.

Советот следното неформално гласање ќе го одржи на 5-ти октомври. За време на ова гласање, постојаните членки на Советот за безбедност - Британија, Кина, Франција, Русија и САД ќе имаат специјално гласачко право кое може да стави крај на аспирациите на кандидатите.

XS
SM
MD
LG