Линкови за пристапност

Кремљ планира креација на гигантско Министерство за државна безбедност


Рускиот весник „Комерсант“ цитирајќи неименувани извори неделава извести дека пред претседателските избори во земјата закажани за март, 2018-та, Кремљ планира да создаде огромно, ново министерство во кое ќе бидат вклучени повеќето од постојните безбедносни агенции.

Според извори за весникот, новиот безбедносен монструм ќе биде наречен Министерство за државна безбедност, или скратено МГБ. Тоа е истото име кое советскиот диктатор Сталин му го даде на репресивниот апарат кој беше активен од 1949 година па се` до неговата смрт во 1953. По неговата смрт, МГБ беше реорганизирана и наречена КГБ, Комитет за државна безбедност.

Според новинскиот извештај во новата МГП ќе се спојат постојната ФСБ (Федерална служба за безбедност), во моментот главна служба за безбедност во земјата, Службата на федералната гарда ФСО која ги штити високите претставници на власта, вклучувајќи го Претседателскиот безбедносен сервис, кој го чува претседателот.

Во МГБ исто така ќе бидат вклучени и Службата за странско разузнавање - СВР, руската агенција за шпионирање во странство. Истражниот оддел на МГБ ќе се занимава со најтешките криминални случаи. МГБ исто така ќе ја надгледува работата на преостанатите служби за спроведување на законот, вклучувајќи го Министерството за надворешни работи и Истражниот комитет.

Шпекулациите за планот за преструктуирање, ако биде прифатен ќе биде само најнова промена која Владимир Путин ја направи во рускиот безбедносен систем. Порано годинава тој ја создаде Националната града, која ги надгледува границите на земјата, се бори со тероризмот и организираниот криминал, јавниот ред и ги чува виталната инфраструктура.

Кремљ се „плаши“ од иднината?

Андреј Солдатов експерт за руските безбедносни служби и главен уредник на веб сајтот Agentura.ru, вели дека главниот орган на безбедноста, ФСБ веќе добил карактеристики како советската КГБ.

Сепак, Солдатов вели дека ФСБ го нема влијанието кое го имала пред 10 години.

Андреј Колесников, од московскиот Карнеги центар вели дека желбата да се создаде едно Министерство за безбедност е знак дека Кремљ се плаши за иднината.

„Тоа го рефлектира стравот кај моќната елита за тоа што ќе се случува во земјата во годините што доаѓаат“ вели тој „Пред се страв од различни карактеристики – надворешната и домашна политика, страв од народот, економски страв, дека кризата ќе продолжи.. и доведе до социјални немири, немири кои на некој начин ќе треба да бидат задушени некако“

XS
SM
MD
LG