Линкови за пристапност

Босанец обвинет за организирање терористичка група


Истражните органи во Босна и Херцеговина покренаа обвинение против Абдулазиз Осман Кекиќ.

Властите велат дека Абдулазиз Осман Кекиќ, кој беше депортиран од Турција порано годинава бил уапсен на меѓународниот аеродромот во Сараево. Се уште не јасно дали тој активно се борел во Сирија пред да биде уапсен.

Краток период по апсењето, тој бил пуштен да се брани од слобода. Тој формално е обвинет за „организирање на терористичка група.“

Судот одреди мерка Кекиќ да не го напушта градот Бужим, каде што тој престојува во моментот. Одбраната ја обжали одлуката, велејќи дека на него треба да му биде овозможено да патува и да го посети семејството во Горни Рахич, околината на Брчко. Сепак обвинителите се изјаснија против одобрението за патување, со аргумент дека регионот во кој што тој сака да патува е упоришта на радикализираните Босанци. Главниот обвинител додаде дека ако Кекиќ стаса до таа област, тој вече нема да биде достапен на босанската полиција.

Зборувајќи за Гласот на Америка, неговиот адвокат Сенад Дуповац ги отфрли овие тврдења велејќи дека нема научна статистика која би покажала дека селото каде тој сака да замине, Горна Маоча е порадикализирано и повооружено отколку Бужим“

Судската одлука се очекува да биде објавена за неколку недели.

Досега, босанскиот државен суд осуди 12 лица на вкупно 23 години затвор за ширење на религиозна омраза во јавноста и за здружување и планирање за здружување на терористичка организација.

Според објавената студијата во коавторство на Владо Азинович и Мехмед Јухич, од 2012-та година наваму, најмалку 188 Босанци заминале од земјата и се приклучиле на Исламската држава. Дел од нив живееле во странство кога заминале за Сирија и Ирак.

Од почетокот на јануари, 2016-та, 48 од овие наводно радикализирани борци со босанско потекло се вратиле дома или биле екстрадирани во Босна и Херцеговина.

XS
SM
MD
LG