Линкови за пристапност

Клинтон во четврток се враќа во кампања


Таа ќе оди во Гринсборо, Северна Каролина каде ќе зборува за нејзината визија за Америка

Хилари Клинтон планира утре да се врати на кампањската патека, откако пред време го напушти настанот за сеќавање на жртвите во нападите на 11-ти септември, во неделата во Њујорк.

Планирано е Клинтон да оди во Гринсборо, Северна Каролина во четврок, за да зборува за нејзината визија за „Америка, која е поцврста обединета“.

Додека Клинтон се опоравуваше, претседателот Обама како демократ и нејзин поранешен шеф зборуваше во Филаделфија поддржувајќи ја нејзината кандидатура за претседател.

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп во тоа време имаше јавен собир во Ајова, каде вети дека ќе ги донесе назад работните места од други држави.

Подоцна се појави и во Филаделфија, каде зборуваше за неговиот план да ја направи детската грижа достапна за американските семејства и вработените мајки.

Најновите анкети покажуваат дека трката меѓу Клинтон и Трамп се стеснува, со водство на Клинтон од три до четири проценти.

XS
SM
MD
LG