Линкови за пристапност

Нуклеарниот тест на Северна Кореја не` е без преседан


Северно корејскиот нуклеарен тест кој е петти по ред и најсилен досега предизвика земјотрес со магнитуда од 5.3 степени и загриженост дека Ким Јонг Ун продолжува да покажува како што еден регионален лидер го нарече „манијачка безобѕирност.“

Според експертите бомбата не може да биде споредена со поголемите бомби тестирани од САД и Советскиот сојуз во 50-те години на минатион век.

Според преоценките јачината на бомбата е од 10 до 20 килотони. Бомбата беше тестирана длабоко во планините, на истото место каде беа тестирани претходните бомби, затоа можноста за испуштање на радијација е мала, воедно правејќи потешко за аналитичарите да ја утврдат јачината на бомбата и каков радиоактивен материјал бил детониран.

Отворено останува прашањето дали земјата на својата нуклеарна програма гледа како на аргумент за подобра позиција во меѓународните преговори или оружје против можните воени непријатели.

Сепак сеизмичката активност не е појака од претходните тестови споредено Од Северна Кореја.

XS
SM
MD
LG