Линкови за пристапност

Климатските промени закана за глобалната безбедност


Директорот на американското национално разузнавање Џејмс Клапер вели дека следната претседателска администрација ќе се соочи со сложени и разнолики глобални закани какви што не се видени веќе 50 години

Зборувајќи на годишниот Разузнавачки и национален безбедносен самит во Вашингтон, Клапер пред публиката кажа дека живееме во како што самиот го нарече „свет на непредвидлива нестабилност“ во кој во следниве неколку години две третини од светските нации се наоѓаат во некаков ризик од нестабилност.

Клапер вели дека тој верува дека климатските промени ќе бидат едни од клучните фактори за нестабилност во следниве неколку декади:

„Центрите со голема популација ќе се натпреваруваат за ресурсите од храна и вода кои исчезнуваат и владите ќе имаат голем проблем да ги контролираат нивните територии. Заради сите овие фактори, кога ИСИС ќе го нема, можеме да очекуваме дека ќе се појават други терористички ентитети.“

Клапер додаде дека традиционалните американски разузнавачки непријатели како Русија, Кина, Северна Кореја и Иран ќе продолжат да бидат предизвик во областа на разузнавањето.

XS
SM
MD
LG