Линкови за пристапност

Британија ќе гради ѕид за сопирање на мигрантите


Ѕидот ќе биде изграден во француски пристанишен град Кале, кажа министерот за внатрешни работи во британската влада, Роберт Гудвил

Бетонскиот ѕид висок четири метри и долг еден километар се очекува да чини околу 2,7 милиони евра. Тој ќе биде изграден како дел од безбедносниот пакет кој бил договорен меѓу Британија и Франција откако илјадници лица се обидоа да го поминат каналот Ла Манш качувајќи се на камионите кои го поминуваат каналот со траект или преку тунелот.

Според официјални извори градбата на бариерата се очекува да започне уште месецов, а да биде завршена до крајот на годината.

Британски опозициони политичари и некои европски лидери го критикуваа планот.

XS
SM
MD
LG