Линкови за пристапност

Северна Кореја испрати скапи пораки


Преоценките се дека трите балистички проектили истрелани во понеделникот чинат меѓу 3 и 6 милиони долари

Северна Кореја потрошила околу 100 милиони долари или повеќе од тоа за извршените 30 ракетни тестови откако Ким Јонг Ун ја презеде власта во 2011-та година. Речиси двојно повеќе отколку бројот на лансирани ракети во претходните 18 години кога на власт беше неговиот татко.

Јужно корејскиот весник „Chosun Ilbo“ ја определил цената при споредба на со сумата која била исплатена од страна на земјите на Блискиот исток за слични вакви оружја.

Во претходните две декади Северна Кореја продала стотици ракети, материјали и технологија на Египет, Иран, Либија, Пакистан, Сирија, Обединетите Арапски Емирати и Јемен.

Санкциите без ефект

Способноста на Северна Кореја да изврши бројни ракетни тестови го покренува прашањето за ефикасноста на строгите санкции на Обединетите нации кон земјата за целосно ембарго на оружјето и рестрикции за продажба на авионско гориво, кое исто така може се користи како ракетно гориво.

Порака за средбата на Г-20

Преоценките се дека трите Родонг ракети истрелани од страна на Северна Кореја во понеделникот чинат помеѓу 3 и шест милиони долари.

Не постојат индикации дека тестот во понеделникот бил за да се направи проценка на новите капацитети или технички придобивки, како што беше случај во претходните тестови.

Напротив аналитичарите велат дека Ким Јонг Ун сакал да ја поткопа можноста за било каква дискусија за регионалната безбедност за време на самитот на најголемите светски економии (Г-20) кој се одржа во Кина, на кој присуствуваа САД, Јужна Кореја, Јапонија и Русија.

XS
SM
MD
LG