Доналд Трамп и Хилари Клинтон неделава одржаа говори пред воените ветерани. Иако и двајцата зборуваа за прашања важни за ветераните, тонот на говорите беа дијаметрално спротивни.
Трамп зборуваше на конвенцијата на Американскиот Легион во Синсинати, Охајо. Неговиот говор беше фокусиран на тоа што тој го нарече план за обнова на американската армија и поправање на систематските проблеми кои го следат Одделот за ветерани.
Тој во говорот два пати ја нападна Клинтон, за нејзиното користење на приватниот сервер за електронска пошта кога беше државна секретарка на САД и нејзините планови да го зголеми бројот на сириските бегалци кои доаѓаат во САД за 500 проценти.
Трамп повика на „целосна реформа“ на Одделот за ветерани и изложи план во 10 точки да ја поправи агенцијата, кое вклучува назначување на нов секретар, отпуштање на вработени кои не ги исполнуваат стандардите, да осигури дека втераните ќе добијат пристап до здравствана заштита и ќе формира комисија за да ги истражува престапите внатре агенцијата.
Клинтон на истото место зборуваше претходниот ден, честопати напаѓајќи го Трамп – иако неговото име го спомна само еднаш- за неговиот став кон илегалната имиграција критикувајќи го за претходните коментар дека американската армија се наоѓа во „неволја.“
Клинтон ги подвлече нејзините идеи за „американската исклучителност“ и нејзината визија за силна, ефективна американска армија – одејќи до таму што сугерираше користење на воена сила против Русија за нејзината наводна вмешаност во кибернетскиот напад на Демократската партија.