Линкови за пристапност

Ураганот „Хермина“ удри на Флорида


Гувернерот на сојузната држава кажа дека бурата може да биде „опасна по животот“

По пристигнувањето на копното, ураганот помина во тропско невреме продолжувајќи го патот кон сојузната држава Џорџија.

Првиот ураган кој ја погодил Флорида по повеќе од една декада доведе до прекин на електричната енергија и предизвика ограничени поплави. Во некои делови од сојузната држава се очекува дожд до 50 сантиметри на метар квадратен.

Гувернерот на Флорида, Рик Скот кажа дека ураганот од категоријата 1 може да создаде услови „опасни по животот.“

Авион на американската воена авијација кој прелетал во близинана бурата регистрирал брзина на ветрот од 130 километри на час, пред да пристигне на копното.

Силниот дожд во некои делови од Флорида почна да паѓа ноќта во четвртокот и проекциите се дека бурата ќе го зафати целиот источен брег, се до Њу Џерси.

XS
SM
MD
LG