Линкови за пристапност

Собранието избира техничка влада


Задача на преодната влада ќе биде да ги спроведе вонредните парламентарни избори што, според лидерскиот договор треба да се одржат на 11-ти декември. Опозицијата се враќа во владата на премиерот Емил Димитриев, со истите кадри и во истите ресори како и во претходниот технички состав. Оливер Спасовски го презема Министерството за внатрешни работи, Фросина Ременски ресорот труд и социјала.

Тоа значи дека вчера избраниот министер за внатрешни Оливер Андонов од денеска станува дополнителен заменик - министер за полиција, додека досегашниот министер за труд и социјална политика Диме Спасов ќе биде дополнителен заменик-министер.

Социјалдемократите, исто како и во претходниот период, ќе имаат и три дополнителни заменици - министри - Кире Наумов во финансии, Љупчо Николовски за земјоделие, Александар Кирацовски во Министерството за информатичко општество.

Останатите министри и заменици кои во изминатиот период ги извршуваа функциите ги задржуваат своите позиции.

„Се надеваме дека оваа влада ќе упсее да ги спроведе изборите и со тоа да стави креај на политичлката криза“ кажа Димитриев.

Паралелно со изборот на техничката влада почнуваат да течат и роковите за изборите. Парламентот ќе се распушти 60 дена пред одржувањето на изборите. Кампањата треба да стартува на 20-ти ноември.

XS
SM
MD
LG