Активистите од сириската опозиција објавија фотографија од момче кое седи на портокалово столче во амбулантно возило и изгледа изнемоштено и преплашено со лице прекриено со прашина и крв.
Лекарот од Алепо, Осама Абу ал Ез го идентификува момчето како пет годишниот Омран Дагнеш. Тој потврди дека момчето било примено во болница и добило нега за повреда на главата.
Момчето било повредено по воздушен напад во населбата Катерџи која е под контрола на бунтовниците. Лекарот Осама Абу ал Ез кажа дека во нападот биле убиени 8 лица, меѓу нив и пет деца.
Кратко по нападот, спасувачите и новинарите почнале да ги излекуваат жртвите од урнатините. Помеѓу нив бил и фотографот Махмуд Раслан, кој ја направил фотографијата на која е прикажано варварството во војната во Сирија.
Раслан вели дека момчето заедно со неговите родители и нивните три деца биле извлечени од под остатоците од разурнатиот дом, и дека никој не се здобил со потешки повреди. Кратко време потоа целата зграда се урнала.