Линкови за пристапност

Зелено светло за приватен лет на месечината


Американска компанија се надева да ја започне мисијата во 2017-та година

Во денешното соопштението се вели дека „Moon Express, Inc“ ќе испрати роботско летало на месечината со големина на фиктивниот дроид „Р2-Д2“ од филмот Војна на ѕвездите.

„Тоа е пионерски“ вели Боб Ричард, ко - основач на компанијата и извршен директор. „Тоа е големо достигнување за нас.“

Досега приватните компании за истражување беа ограничени со своите активности само околу орбитата на земјата.

„Moon Express“ се надева да ја лансира мисијата во 2017-та година, временски рок кога на „Google Lunar X Prize“ ќе му биде дозволено да испрати возило на месечината.

„Moon Express“ се приклучи на трката во 2012-та година, во која сега учествуваат 16 компании.

Други компании може исто така да не се далеку од останати патувања во вселената. Спејс икс има планови да го лансира леталото “Red Dragon” на месечината најрано до 2018-та година. Друга компанија „Planetary Resources’ планира да прави екстракција на минерали од астероидите.

Од „Moon Express“ велат дека сакаат истото да гос сторат на месечината.

XS
SM
MD
LG